Специјалистичка ординација по неврологија
Д-р. ДАНИЈЕЛА

071 357 356 044 333 760 9:00 - 18:00 (Пон - Пет)

Како да го заштитиме нашиот мозок со физичка активност?

Како да го заштитиме нашиот мозок со физичка активност?

Како што минуваат годините,, започнуваме да старееме, така понекогаш е очекувано по нешто и да забораваме, , да ни е потребно повеќе време да се сетиме. Секако дека ваквите симптоми кај секого ќе предизвикаат загриженост за можна појава на болест на мозокот. Загриженоста треба да биде поголема кај оние кои боледуваат од покачен крвен притисок или шеќерна болест.. Светската популација старее и природно во тој процес доаѓа до стареење на нашите органи. За да стареењето на органите, на нашиот мозок, биде во склоп на физиолошките процеси на напреднатата животна возраст и да се избегне нарушување на функцијата на истите, неопходно е развивање на нови стратегии и промена на стилот на живеење.

Познавајќи го позитивниот, докажан ефект на сите форми на вежбање: аеробик, возење на велосипед, tai chi, јога, планинарење, пливање, и уште многу други, воведување на редовна физичка активност и некаков облик на вежбање е наједноставна, но се покажала и како најефективна стратегија.

Како вежбањето и физичката активност влијаат на мозокот?

Како вежбањето и физичката активност влијаат на мозокот?

Колку ви е важна информацијата дека центрите од мозокот кои се асоцирани со процесите на стареење и кои пропаѓаат кога слабеат когнитивните функции, се всушност истите кои се активираат кога вежбаме? Вежбањето го активира, му ја зголемува активноста на делот од мозокот наречен хипокампус. Хипокампус е центар за кратката меморија, со помош на него памтиме нови информации. Со активирање на овој центар индиректно го забавуваме процесот на стареење, како и процесите на когнитивно нарушување кои водат во Алцхајмер-ова болест, посебно ако секојдневно вежбаме!

Практикувањето на физика активност, дури и за краток период, исто така предизвикува позитивни промени на хемиските сигнали во мозокот. Ги изнесувам податоците од една студија која го проучувала ефектот на вежбањето врз процесите на обновување на мозочните клетки кај пациенти со шеќерна болест. Испитаниците кои биле вклучени во студијата практикувале возење на велосипед 30 мин., што резултирало со покачување на протеините кои овозможуваат обнова на мозочните клетки за 20%. Исто така кај нив за 14 % дошло до зголемување и на т.н васкуларно- ендотелни фактори на раст, кои играат главна улога во процесот на невронална пластичност, односно мозочна реорганизација и адаптација . Ефективна вежба е и брзо одење или ефективно пешачење во природа. Тогаш вдишуваме поголема концентрација на кислород кој навлегува во мозокот, што е многу значајно за здрав мозок.

Како заклучок, вежбањето 3 пати неделно , во период од минимум 6 месеци, позитивно влијае на балансирање и подобрување на сите мозочни функции и значајно ја подобрува меморијата и концентрацијата.

Како вежбањето и физичката активност влијаат на мозокот?

Еве уште совршени причини да пешачите повеќе:

Пешачењето додава години на вашиот животен век

Во една голема студија објавена лани, докажано е дека луѓето над 40 -та година, колку повеќе пешачат, толку им се намалува ризикот за прерана смрт. Испитувачите ги зеле во прилог сите различни ризик фактори на испитаниците и дошле до следниве резултати: кај испитаниците кои пешачеле растојание од 8000 чекори на ден ризикот за смртност бил двојно помал од оние кој пешачеле само 4000 чекори на ден. Оваа констатација се должи меѓу другото и на фактот дека пешачењето и вежбите кај постари индивидуи двојно го минимизираат ризикот за мозочен удар.

Регулирање на телесната тежина

Како годините поминуваат многу е потешко да се одржува идеална телесна тежина. Кардио вежбите се особено ефективни за намалување и одржување на килограмите.

Зајакнување на видот

Пешачењето секој ден е корисно за вашиот вид како и јадењето морков. Вежбање и пешачење секој ден по 60 мин. го намалува ризикот за појава на старечко перде и зголемен очен притисок.

Помага за добар сон

Повеќето од пациентите на возраст од 50-60 години имаат некаков вид на нарушување на сонот. Добриот сон е важен за добар имунитет и добра меморија. Отпочнување на секојдневни вежби и пешачење придонесуваат за подобрување на квалитетот на сонот..

Физичката активност помага во контрола на напнатоста, лекување и превенција на депресија

Спортски активности, комбинација од медитација и аеробни вежби се покажале ефикасни во справувањето со депресијата кај испитаници постари од 50 години. Планинарењето ви го разбиструва умот. Посебно ако пешачите во природа каде владее спокој и мир.

Сите овие информации треба да не наведат да размислиме да одвоиме барем 30 мин. во денот за себе и нашето здравје и да вклучиме било каква физичка активност ....Не ли мислите дека би вредело?

За авторот

Данијела Војтикив Самоиловска

MD, PhD, специјалист невролог

neurodrdanijela@gmail.com

кратко резиме

УСЛУГИ КОИ ГИ НУДИМЕ