Специјалистичка ординација по неврологија
Д-р. ДАНИЈЕЛА

071 357 356 044 333 760 9:00 - 18:00 (Пон - Пет)

МИГРЕНА

МИГРЕНА

Мигрената е хронична,честа, повторувачка и главоболка со силен интензитет. Околу 12% од возрасните имаат мигрена. Механизмот на настанување сè уште е релативно слабо познат.

Факти за мигрена:

  • Мигрената ги погодува три пати повеќе жените отколку мажите
  • Најчесто се јавува на возраст помеѓу 25 и 40 години
  • 90% од пациентите го доживуваат нивниот прв напад пред да наполнат 40 години.
  • Кај 70% од пациентите мигрената е честа појава во семејството

Постојат две форми на мигрена - со аура и без аура.

Терминот аура вообичаено се однесува на симптоми кои се јавуваат 15 до 60 минути пред моменталната мигрена. Околу 25% од пациентите кои страдаат од мигрена, исто така, се соочуваат со симптоми на аура:

  • визуелни проблеми (трепкачки светла, цик-цак линии…);
  • вкочанетост во вратот, рамењата и екстремитетите;
  • проблеми со рамнотежа и координација;
  • проблеми со говорот.

Мигренозната главоболка типично е локализирана во половина од главата и е пропратена со барем два од следните симпотми:

  • гадење;
  • повраќање;
  • зголемена чувствителност на светлина;
  • звук или мирис.

Причини за мигрена:

Намалено ниво на серотонин во мозокот:

Експертите веруваат дека мигрената е предизвикана од хемиска нерамнотежа во мозокот. Нивото на серотонин, кој е невротрансмитер, се намалува, што предизвикува ненадејно намалување на мозочните крвни садови. Ова може да предизвика симптоми на аура, што наскоро ќе следи проширување на крвните садови - претпоставена причина за главоболка.

Промени во нивото на хормони:

За мигрената се вели дека е тесно поврзана со нивото на хормони во телото. Одредени жени почесто страдаат од мигрена за време на нивниот циклус (менструална мигрена). Се верува дека токму поради хормонските промени повеќе жените страдаат од мигрена отколку мажите.

Кај мигрената не постои структурно оштетување на мозокот.

Фактори кои придонесуваат започнување, тригерирање и зачестување на мигренозните галвоболки:

  • стрес, вознемиреност, напнатост, шок
  • замор, лош сон, лошо држење на телото
  • изгладнување, дехидрација, алкохол, одредени намирници
  • климатски промени, патување , трепкачки светла, гласен звук..
  • одредени лекови

Како да направите разлика помеѓу мигрена и тензиска главоболка:

  • Мигренозната болка вообичаено се јавува на едната страна и може да трае од 4 до 72 часа.
  • Може да биде придружена со гадење и повраќање и се влошува со движење.
  • Може да биде придружена со аура.

Што можете да сторите пред да земете лек против болка - Одморете во мирно и темно место.

Избегнете ги факторите кои предизвикуваат мигрена:

  • бучава, силен мирис, трепкачки светла, прескокнување на оброците;
  • физички и ментален стрес;
  • одреден вид на храна, особено храна што содржи тирамин (црвено вино, сирење), фенилаланин (вештачки засладувачи), натриум глутамат (азиска храна), кофеин (кафе, чај, итн.) и теобромин (чоколада).

Кога да посетите лекар

Мигрената е хронична болест, се советува навремено започнување на соодветна терапија.

За авторот

Данијела Војтикив Самоиловска

MD, PhD, специјалист невролог

neurodrdanijela@gmail.com

кратко резиме

УСЛУГИ КОИ ГИ НУДИМЕ