Специјалистичка ординација по неврологија
Д-р. ДАНИЈЕЛА

071 357 356 044 333 760 9:00 - 18:00 (Пон - Пет)
Електромиографија (ЕМГ)

Електромиографија (ЕМГ)

ЕМНГ - (електромионеврографија) е електродијагностичка метода со која се испитува електричната активност на мускулите и нервите со можност за определеување на: степеност, нивото и распространетоста на дадената лезија. Со оваа метода може брзо и рано да се постави дијагноза на болести и повреди на периферниот нервен систем и мускулите.

Во клиничката пракса, пред примена на ЕМНГ неоходен е темелен невролошки преглед, а по потреба и дополнителни неврорадиолошки испитувања (радиогарфија, магнетена резонанаца, компјутерска томографија..).

ЕМНГ се применува како:

  • детекциона електромиографија - процедура за испитување на електричната активност на мускулите, која се изведува со воведување на иглена електрода во испитуваните мускули, која е стерилна и за една употреба;
  • стимуалциона електромиогарфија и електроневрографија -процедура за мерење и процена на брзината на спроводлиовост на периферните моторни и сензитивни нерви, се изведува со стимулација на испитуваните нерви со помош на елктрична струја со мала јачина.

Индикации за ЕМНГ:

  • невропатии ( метаболни, компресивни, токсични, воспалителни, наследни),
  • наследни болести на коскено зглобниот систем;
  • повреди на рбетот и екстремитетите;
  • ревматолошки заболувања на мускулите (миозитис);
  • болести на невромускулната спојка (мијастенија гравис, Ламберт-Итанов синдром);
  • повреди на мускулите и периферните нерви;
  • неволни движења (хемифацијален спазам, блефароспазам, тремор..)
  • болести на мускулното ткиво (дистрофии)

ЕМНГ е и прогностичка метода, односно помага да се следи текот на опоравување, како и процена на можниот исход во процесот на рехабилитација на дадена болест.

Електроенцефалограм (ЕЕГ)
Електроенцефалограм (ЕЕГ)
Електроенцефалограм (ЕЕГ)
Електроенцефалограм (ЕЕГ)

Neuro-MEP-4 канален апарат.

Прегледот трае 30-45 мин, не болен , но е лесно непријатен и потребна е соработка на пациентот. Прегледот се врши кај сите возрасти, ако е пациентот дете, потребно е присуство на едниот родител. Резултатот се издава веднаш.