Специјалистичка ординација по неврологија
Д-р. ДАНИЈЕЛА

071 357 356 044 333 760 9:00 - 18:00 (Пон - Пет)

ДОПЛЕР НА ВРАТНИ КРВНИ И МОЗОЧНИ САДОВИ

Доплер на вратните (екстракранијалните) крвни садови, е понова, напредна невролошко-радиолошка техника на иследување на внатрешноста на крвните садови со современ ултразвучен ЕХО апарат и служи за проценка на состојбата на мозочната циркулација.

Нарушената циркулација низ вратните артерии, (каротидните и вертебралните артерии ) кои носат крв до мозокот, честопати се причина за мозочен удар. Нарушувањето настанува заради формирање на наслаги, задебелување на ѕидовите, замастување и на крај затнување на артериите. Наслагите може да се: тромботични маси, мешани холестеролско– фибрински наслаги (атероми), калциумски наслаги. Оваа дијагностичка процедура овозможува дијагностицирање и на вродени аномалии и повреди на крвните садови.

Навременото окривањето на атероматозата во крвните садови, ни дава драгоцена можност за навремено лекување на истата и превенција на мозочен удар (мозочен инфаркт). Методата се применува и кај дијагнсотицирање на: несвестица, пропратена со варијабилен и покачен крвен притисок, како и кај повреди на вратот со можни оштетувања на вратните крвени садови и болка.

Прегледот е безболен, може да се повторува неограничено, трае просечно до 20 мин.Се изведува во легната положба, со ехо сонда. Некоја посебна припрема пред снимањето не е потребна. Прегледот го изведува обучен невролог, резултатот се издава веднаш.

Со доплер може да се испитуваат и крвните садови на нозете и рацете, со што иста така се добива увид во внатрешноста на артериските и венските крвни садови и состојбата на циркулацијата во нив. Со истата процедура може да се открие атероматоза и стеноза и на артериските крвни садови на екстремитетите со што се превенира гангрена.

Со доплер може да се прегледа и циркулацијата на големите мозочни крвни садови, тоа е така наречен TCD тест.

Во дадени состојби потребно е големите мозочни крвни садови да се прегледаат со т.н тест на меурчиња или PFO тест.

Тестот се изведува со инјектирање на меурчиња воздух, во венските крвни садови на едната рака, потоа се следат звучни бранови преку сонда поставена на средната мозочна артерија. Регистрирањето на специфичните звучни бранови покажува дека меурчињата достигнале во артериските крвните садови на мозокот, истото може да упатува на дефект на преградата помеѓу шуплините на срцето.

Ова е една од причините за: мозочен удар, минливи еппизоди на мал мозочен удар, како и чести главоболки заарди намалено снабдување на мозокот со кислород.

Методата е релативно безбедна , трае 20 минути, резултатите се издаваат веднаш.

ДОПОЛНИТЕЛНИ УСЛУГИ