Специјалистичка ординација по неврологија
Д-р. ДАНИЈЕЛА

071 357 356 044 333 760 9:00 - 18:00 (Пон - Пет)
Електроенцефалограм (ЕЕГ)

Електроенцефалограм (ЕЕГ)

Eлектроенцефалографијата е специјална неинвазивна функционалана метода за снимање и регистрација на мозочната активност предизвикана од самите нервни клетки во кората на Големиот мозок. Можи да се повторува неограничено, бидејќи нема никакво штетно зрачење, безболна е, кратко трае- 30 минути.

Се става специјална силиконска капа на главата на пациентот, на која се прицврстуваат специјални електроди, се користи гел и танки кабли, се изведува со затворени очи кои повремено се отвораат-затвораат, се стимулира со трепкање на светлина и подлабоко дишење. Дава многу корисни податоци за пациентите кои имаат: нејасни настапи на поматување или губење на свест, епилепсија, главоболка-мигрена, вртоглавица, квалитативно нарушена свест со конфузни состојби, заборавност ...
Електроенцефалограм (ЕЕГ)

Mitsar_EEG MCSCap

Електроенцефалограм (ЕЕГ)

Mitsar_EEG Portable Photic Goggles

Електроенцефалограм (ЕЕГ)

Mitsar_EEG Workstation

Електроенцефалограм (ЕЕГ)

Mitsar_EEG Software EEGStudio

25 канален клинички ЕЕГ апарат, модел MITSAR-EEG-201M3

Се изведува во посебен изолиран кабинет, во лежечка состојба. Снимањето го прави сестра, под надзор на невролог, кој го издава резултатот, веднаш по снимањето.

Пациентот треба да биде со чиста коса и психички припремен дека треба да ги следи упатствата од персоналот, да биде спокоен и релаксиран за време на снимањето.

ЕЕГ ВО СОН

Во посебни ситуации (нејасни настапи во сон, кај мали деца кои не соработуваат..) се снима ЕЕГ во сон. Снимањето трае повеќе од 1 час. Се препорачува предходната вечер пациентот да не спие (депривација на сонот).

ВИДЕО ЕЕГ МОНИТОРИНГ

Кај одредени нејасни напади, неврологот определува потреба од подолготрајна ЕЕГ-регистрација, која трае повеќе часови, по потреба и неколку дена, во комбинација со видео запис на пациентот (видео –ЕЕГ мониторинг). Истото е од голема корист за: потврда на епилeптичните напади, определување на видот на епилептичните напади, фрекфенцијата на истите, разграничување на психиогени од епилептични напади, .....

ДОПОЛНИТЕЛНИ УСЛУГИ