Специјалистичка ординација по неврологија
Д-р. ДАНИЈЕЛА

071 357 356 044 333 760 9:00 - 18:00 (Пон - Пет)

ВРТОГЛАВИЦА

ВРТОГЛАВИЦА

Вртоглавица или вертиго е често и непријатно чувство на занесување, пропаѓање и нестабилност, кое може да варира од слабо чувство на нишање до силно вртење, проследено со мачнина и повраќање, нејасна слика пред очите, зуење во ушите, а може да се јави и ослабен слух. Кај пациентите предизвикува страв од пад и повреди, паника поради губење контрола и страв од некои тешки болести. Меѓутоа, причината може да биде безопасна, или и знак на некое заболување, па најдобро е да се обратите на лекар, посебно ако состојбата се повторува.

Причините за вртоглавица можат да бидат разни, може да ја предизвика лоша циркулација, мигрена, мултиплекс склероза, мозочен удар, но и минлива исхемија. Иако често причини се безопасни заболувања, посетата на лекар е задолжителна зашто само тој може да ја одреди причината. Постојат голем број тестови, а еден од најчестите е аудиометриски, кога се испитува слухот, бидејќи ова сетило се наоѓа близу центарот за рамнотежа, а заболувањето на едно сетило, често го зафаќа и другото. Се прави и т.н. „калориски тест“, кога сетилото за рамнотежа се испитува прво во едното, па во другото уво и се бара симетрија помеѓу десната и левата страна. Може да се тестира и брзината на простирање на нервниот импулс низ слушниот нерв, испитувањето се вика BAEP, зашто слушниот и вестибуларниот нерв „патуваат“ заедно. При сомнение за нарушеа циркулација се советува ултразвучен преглед на вратни крвни садови, кои го снабдуваат мозокот со крв, прегледот се вика ултрасонографија на екстракранијалните крвни садови. Совет е дека секоја вртоглавица и нестабилност треба да се сфатат сериозно и задолжително да се посети лекар.

Несвестица, чувството на нестабилност, појава на темнина пред очите, светкања, може да биде предизвикано од очни болести, хипогликемија, пад на притисок, хипертензија, болести на ЦНС, анемија, недостиг од витамин Б12, главоболка, аритмија, но и од стареење.

Она што е важно е пациентот да му ги пренесе на лекарот своите тегоби, точно да ги опише симптомите, дали вртоглавицата се јавува кога ќе се разбуди и, на пр., нагло ќе стане, ќе ја зафрли главата, кога оди или ќе се наведне да си ги врзе врвките на чевлите, дали непријатната сензација престанува кога ќе се смири.

Лекови кои се користат во третман на вертиго се: антихистаминици, антихолинергици, бензодијазепини, betahistin, калциум канал блокери (cinnarizine, flunazin), антиеметик (metoclopramide).

Се препорачуваат да се практикуваат одредени вежби кои можат да помогнат во третманот на вртоглавицата односно ублажувањето на симптоми. Се препорачува да се смени стилот и начинот на живот, односно: да се намали стресот, да се внесува големо количество на вода, да се јаде здрава храна и да се намали внесување на сол.

За авторот

Данијела Војтикив Самоиловска

MD, PhD, специјалист невролог

neurodrdanijela@gmail.com

кратко резиме

УСЛУГИ КОИ ГИ НУДИМЕ