Епилепсија

Епилепсијата преставува хронична, невролошка болест, која настанува заради болест/ оштетување на кората на Големиот мозок. Во праксата подразбира повторувачки настапи на симптоми кои потекнуваат од мозокот, а кои настануваат наеднаш без најава, секогаш се исти и се јавуваат по ист редослед, траат кратко и завршуваат со комплетно подобрување. Настапите често  се манифестираат со нарушување на свеста, но може да бидат претставени и со други повторувачки симптоми, што зависи од регијата на Големиот мозок која е оштетена.

Слика бр.1  Голем мозок

Епилепсијата може да се јави на било која возраст во животот на човекот. Во  детството најчесто настанува заради вродени состојби и генетски аномалии кои даваат  нарушена функција на Големиот мозок. Кај возрасните епилепсијата се јавува  заради болест која се појавила во текот на животот и довела до оштетување на Големиот мозок ( мозочeн удар, мозочeн тумор, мозочнa повредa….).

Секој пациент со сомнение за епилепсија мора да биде прегледан од невролог по специфичен протокол. Постојат различни видови на епилепсија и сите имаат типична клиничка слика. Неврологот мора да ги  препознае  типичните настапи на симптоми во клиничката слика кај пациентот. Дијагнозата на епилепсија се поставува   со  барем дава типични, повторувачки настапи на симптоми,  временски разделени од  минимум 24 часа.  Поретко, во праксата,  дијагноза на болеста  може да се постави и со утврден само еден, типичен настап на симптоми, но со јасен позитивен наод на дополнителните  дијагностичките методи по протокол : електроенцефалографија (ЕЕГ) и магнетна резонанца на мозок (МР мозок).   

ЕЕГ претставува  единствена процедура која ја покажува активноста на кората на Големито мозок, од каде започнуваат  епилептичните напади. Тоа е безбедна и рутинска метода во невролошката пракса, но потребно е искуство и едукација за спроведување на истата. Постојат специфични графолементи кои се регистрираат на ЕЕГ- записот  кои може јасно да ја потврдат болеста. Истите  не секогаш се регистрираат на првото и кратко ЕЕГ, во будна состојба,  па често има потреба од повторување на регистрацијата кај еден пациент. Неврологот може да нарача и дополнителни,   поспецифични ЕЕГ-регистрации за појасна и побрза дијагноза на болеста  како што се : ЕЕГ по депривација на сон, видео-ЕЕГ, ЕЕГ мониотринг во траење 24 часа,  амбулаторен  ЕЕГ-мониторинг  24 часа… итн .

Кај секој пациент со сомнение за епилепсија со постоечки фокус (оштетување на мозокот ),  од каде започнуваат нападите, мора да  направи и МР на мозокот,  со цел да се  утврди истиот  .

Слика бр.2 Вродено нарушување во развојот на кората на Гоелмиот мозок т.н наречена кортикална дисплазија- пример за фокус за епилептични напади;

Слика број 3- Состојба по преживеан мозочен удар-пример за фокус на епилептични напади ;

Терапијата е секогаш со индивидуален пристап и се крои спрема потребите на пациентот. Истата се започнува само по поставување на јасна дијагноза и не смее да се прекине без дозвола. Постојат различни антиепиелптични лекови. Кај поголем процент од пациентите , 60-70 %,  нападите успешно се контролираат со еден или два лека. Кај 30-40%, и покрај воведување и на два и три лека не се постигнува задоволителна контрола на нападите. Тоа се пациенти кои имаат тераписки резистентна форма на болеста и кај нив се прави обид со дополнителни модалитети на лекување: операција на мозок , стимулација на вагусниот нерв , кето- диета итн…

Ви ги нудиме најдобрите совети и препораки за проблемите од областите на неврологијата и интерната медицина

Тука сме за вас - контактирајте не

Закажете преглед кај Д-р Данијела

Слободно проверете кој термин најмногу ви одговара

Изберете услуга*
Изберете доктор*

Закажете преглед