Мозочен удар
Мозочниот удар е итна состојба во медицината при која доаѓа до акутно нарушување на крвоснабдуавњето на дел од мозочното ткиво, заради болест или оштетување на мозочните крвни садови.
При мозочен удар дотокот на кислород и шеќер во мозокот е наеднаш прекинат и ако таа состојба се одржува повеќе од 1 час, мозочните клетки неповратно се оштетуваат и умираат. Кога мозочните клетки се уништени се губи функцијата на одредени мозочни центри и тоа доведува до нарушување на одредени телесните функции, со кои тие раководат.
Постојат два типа на мозочен удар:
- Исхемичниот удар е резултат на прекин на протокот на крв во некој од мозочните крвни садови и е најчест тип на мозочен удар. Настанува кај пациенти со: болест на артериите од типот на атеросклероза , срцеви аритмии (атријална фиблирација,) нарушено згрутчување на крвата со тромботични состојби ..итн
- Хеморагичниот мозочен удар се случува кога ќе дојде до прскање на мозочен крвен сад и течење на крвта во околното мозочно ткиво.
Често пациентите имаат кратки минливи исхемични напади (Transient Ischaemic Attacks – TIA), кои се знак на предупредување дека можеби наскоро ќе дојде до мозочен удар. TIA е секогаш треба да се смета за итна состојба и да се направат сеопфатни испитувања, со цел процена на ризикот од мозочен удар и навремена превентивна терапија.
Акронимот БРЗО, ја потенцира важноста од рано препознавање на најчестите симптоми на мозочниот удар и важноста на итната терапија ! Времето е мозок!!!
Б баланс-нагло губење на рамнотежа
Р раце- слабост на едната рака
З зборување-нарушен говор
О очи- заматен вид
Мозочниот удар е прва причина за инвалидитет кај возрасната популација и трета причина за смртност во светот. Поважно и полесно е мозочниот удар да се спречи, потешко е да се лекува!
Редовни превентивни прегледи се препорачуваат кај геријатрската популација ( > 65 години), но и кај индивидуи кај кои се присатни повеќе ризик фактори: покачен крвен притисок, шеќерна болест, срцеви аритмии, пушење цигари, дебелина, пасивност и сесилен стил на живот без физичка активност, пациенти со хронични тромботични состојби, хронична мигрена итн. .
Оаа ризична група од популацијата треба да се јавува на редовни, скрининг прегледи кај семеејниот лекар и кај специјалист . Прегледите опфаќаат : редовна кардиолошка контрола, лабораториски анализи, ултразвук на вратните крвни садови и други дополнителни испитувања, по процена на специјалистот.
Со цел намалување на ризикот од мозочен удар и други цереброваскуалрни компликации, се советува овие ризични пациенти :
- Редовно да пијат примарна профилактична терапија (, најчесто аспирин 100, еднаш на ден)
- да внимаваат на исхраната
- да практикуваат редовна умерена физичка активност
- да внимаваат на телесната тежина
- да го избегнуваат стрес
- да имаат уреден сон
- умерено да конзумираат алкохол
- да престанат со пушење цигари
Ви ги нудиме најдобрите совети и препораки за проблемите од областа на неврологијата и интерната медицина
Контактирајте нѐ и закажете кратка консултација
Побарајте не уште денес:
- Фуштанска 3, Тетово, 1200
- info@drdanijela.mk
- 044333760
- 071357356
Закажете преглед кај Д-р Данијела
Слободно проверете кој термин најмногу ви одговара