ЕЕГ – ВО СОН

Во посебни ситуации (нејасни настапи во сон, кај мали деца кои не соработуваат..) се снима ЕЕГ во сон

Времетраење:

ЕЕГ во сон >60 мин
ЕЕГ ПО ДЕПРИВАЦИЈА НА СОН (ДЕЦА < 16 г.)
6500 ден.
ЕЕГ ПО ДЕПРИВАЦИЈА НА СОН (ВОЗРАСНИ)
5500 ден.

Во посебни ситуации (нејасни настапи во сон, кај мали деца кои не соработуваат..) се снима ЕЕГ во сон. Снимањето трае повеќе од 1 час. Се препорачува предходната вечер пациентот да не спие (депривација на сонот).

Се изведува во посебен изолиран кабинет, во лежечка состојба. Снимањето го прави сестра, под надзор на невролог, кој го издава резултатот, веднаш по снимањето. Пациентот треба да биде со чиста коса и психички припремен дека треба да ги следи упатствата од персоналот, да биде спокоен и релаксиран за време на снимањето.

Се става специјална силиконска капа на главата на пациентот, на која се прицврстуваат специјални електроди, се користи гел и танки кабли, се изведува со затворени очи кои повремено се отвораат-затвораат, се стимулира со трепкање на светлина и подлабоко дишење. Дава многу корисни податоци за пациентите кои имаат: нејасни настапи на поматување или губење на свест, епилепсија, главоболка-мигрена, вртоглавица, квалитативно нарушена свест со конфузни состојби, заборавност …

Ви ги нудиме најдобрите совети и препораки за проблемите од областа на неврологијата

Тука сме за вас - контактирајте не

Закажете преглед кај Д-р Данијела

Слободно проверете кој термин најмногу ви одговара

Изберете услуга*
Изберете доктор*

Закажете преглед