Пон-Пет: 09 - 18ч.
Саб: 09 - 15ч.
info@drdanijela.mk
044333760
071357356

[gtranslate]

Дијагностички и терапевтски интервенции од областа на психологијата во ПЗУ „Д-р Данијела“

Дијагностички процедури

  • Психолошка проценка – интервју, анамнеза, хетероанамнеза и психометриски тестови за диференцијална дијагноза и психолошки наод, применливо кај различни психијатриски болести.
  • Невропсихолошка проценка – индивидуално тестирање на когнитивни функции (внимание, меморија, учење, јазик, извршни функции) и промени во однесувањето; неопходно  кај невродегенеративни заболувања, особено деменции.
  • Скрининг на ментален статус – ориентациски тестови за процена на деменција и психолошки нарушувања поврзани со системски заболувања.

Терапевтски пристапи

  • Психолошко советување – поддршка за личен развој и справување со емоционални предизвици.
  • Индивидуална психотерапија – процес за самопознавање, управување со негативни емоции и развој на здрави стратегии.
  • EMDR терапија – специјализиран метод за третман на траума, анксиозност, депресија, ПТСН и ОКН.

Нашиот психолог

 Едона Муртезани, лиценциран психолог и магистер по психолошко советување, со:

  • Повеќегодишно искуство во клиничка психологија
  • Едукација во клиничка невропсихологија и дијагностика.
  • Специјализација во EMDR терапија.
  • Обука за дијагностика кај деца и адолесценти.

Основни принципи

  • Приватност и доверливост
  • Сеопфатна психолошка грижа
  • Поддршка во средина без осудување

Возрасни групи

Услугите се достапни за лица од 3 до над 80 години

Закажете преглед