ХОЛТЕР ЕЕГ, ВИДЕО ЕЕГ МОНИТОРИНГ, ЕЕГ - ВО СОН, ЕЕГ - НАТИВНО (возрасни)
ДОПЛЕР НА ВРАТНИ КРВНИ САДОВИ, TCCD BUBBLE тест
ЕМНГ
ЕХО НА СРЦЕ, КОРОНАРЕН СТРЕС ТЕСТ, ХОЛТЕР ЕКГ
ДОПЛЕР НА ЕКСТРЕМИТЕТИ, ДОПЛЕР НА АВ ФИСТУЛА
ХОЛТЕР ПРИТИСОК АБП
ЕХО НА ТИРОИДНА ЖЛЕЗДА
ЕХО СО ДОПЛЕР НА БУБРЕЗИ, ТЕСТИСИ И ПРОСТАТА
АБДОМИНАЛНО ЕХО
СПЕЦИЈАЛИСТИЧКИ ПРЕГЛЕД
СПИРОМЕТРИЈА
Пациент на 50 години со чести васкуларни главоболки и епизода на привремен губиток на вид на десно око.
МР на мозок откри повеќе мали мозочни удари. Тестот на меурчиња потврди перзистентен PFO и парадоксална микроемболизација. Направена е кардиолошка интервенција со затворање на срцевиот дефект.
Главоболките се намалени, а мозочен удар е успешно превениран.
Пациент на 89 години со акутно нарушен вид на десно око, криза на покачен крвен притисок и главоболие. КТ на мозок потвдува мозочен инфаркт во центарот за вид. Холтер мониторинг откри пристапи на атријална фибрилација.
По препорака поставен на антикоагулантна терапија, подобрен и заштитен од нови мозочни удари.
Пациент на 50 години се јави со ненадејна, силна главоболка, како удар во тилот, покачен притисок и повраќање.
По итен невролошки преглед и направена компјутерска томографија на мозокот беше откриено субарахноидално крварење предизвикано од пукната аневризма (аномалија на крвен сад).
Пациентот веднаш беше транспортиран и опериран, а денес се опоравува уредно и се чувствува добро.
Симптомите на деменција типично се јавуваат , кај 90 % од пациентите, по 65-та година. Доколку сте забележале проблеми со меморијта на помлада возраст, треба да се бара друго објаснение за вашата состојба. Во секој случај треба да се јавите на невролошки преглед.
Нарушувањата на површниот осет на телото често се манифестираат со трпнење. Постојат заболувања на нервите и мозокот кои може да дадат такви симптоми. Пожелно е да ве прегледа невролог.
Мигрената е примарна главоболка и нејзината дијагноза е пред се клиничка . Но неврологот ќе направи испитувања за исклучување на најчестите причини за симптоматско главоболие: TCCD – Тест на меурчиња, МР на мозокот, лабораториски аналзи и т.н, и ќе ви даде соодветна препорака за терапија. Што поскоро јавете се на преглед!
Треморот на рацете може да биде симптом на различни невролошки болести. Често се јавува и во склоп на: назначена анксионзост, болести на штитната жлезда, шеќерна болест…
За разграничување на видот на треморот , потребен е невролошки преглед и други испитувања по препорака на невролог.
Епилепсија е болест на повторувачки настапи , (минимум два), истите често со нарушена свест, кои настануваат заради оштетување на Големиот мозок. Не секој настап на губиток на свеста е епилепсија. Често се работи за колпасна состојба заради нарушена циркулација, од различни причини. Потребен е невролошки , често и кардиолошки преглед за утврдување на причини за даден настап на нарушена свест.
| Cookie | Duration | Description |
|---|---|---|
| cookielawinfo-checkbox-analytics | 11 месеци | |
| cookielawinfo-checkbox-functional | 11 месеци | |
| cookielawinfo-checkbox-necessary | 11 месеци | |
| cookielawinfo-checkbox-others | 11 месеци | |
| cookielawinfo-checkbox-performance | 11 месеци | |
| viewed_cookie_policy | 11 месеци |