Главоболка

Главоболката е една од 10 најчести причини поради кои пациентите се јавуваат на посета кај својот матичен лекар. Се проценува дека повеќе од 90% од пациентите се соочуваат со главоболка во текот на нивниот живот.

Најчеста од главоболките е тензионата главоболка. Бидејќи оваа состојба е обично блага до умерена, луѓето генерално не се жалат. Најновите истражувања покажуваат дека влијанието на тензионата главоболка врз работниот капацитет е дури и поголемо од она на мигрената. За среќа, овој проблем има едноставно решение, бидејќи не претставува сериозна состојба. Лековите против болка или промените во животниот стил може да ви помогнат да ја надминете оваа состојба. Експертите обично советуваат одмор и пиење многу течности.

7 факти за тензионата главоболка:

  • во секој момент повеќе од 40% од населението страда од тензиска главоболка
  • три пати е почеста од мигрената
  • предизвикана е од притисок во главата и мускулите на вратот
  • најчесто ги погодува луѓето помеѓу 30 и 39 годишна возраст
  • тензионата главоболка често знае да биде честа и повторувачка, тогаш е потребно поголемо внимание и лекови
  • најголемиот дел од луѓето се соочуваат со 1-2 главоболки месечно, или уште почесто кога се изложени на стрес
  • за разлика од мигрената, тензионата главоболка е нешто почеста кај жените отколку кај мажите

Причини за тензионата главоболка

  • Тензионата главоболка може да биде предизвикана од различни типови на храна, активност или други стрес фактори кои придонесуваат за притисок во главата или мускулите на вратот.
  • Лошо држење на телото, особено поради долгите работни часови на компјутер или по долго возење.
  • Конзумирање на алкохол, замор во очите, замор, пушење и емоционален стрес.

Како да направите разлика помеѓу тензиона главоболка и мигрена

  • Тензионата главоболка се јавува на двете страни и трае од неколку минути до неколку дена.
  • Се чувствувате како да имате тесна капа или лента околу вашата глава, или чувствувате дека имате тежина во главата.
  • Не е придружена со гадење и повраќање.
  • Може да биде придружена со чувствителност на светлина или звук, иако никогаш не и двете во исто време.
  • Умереното движење не ја влошува болката.

4 совети пред да земете лек против болка

  1. Практикувајте разни вежби за релаксација или масажа со цел да се релаксирате и да го намалите притисокот во главата.
  2. Уживајте во подолги периоди на одмор.
  3. Пијте повеќе течности.
  4. Избегнувајте ги факторите кои може да придонесат за главоболка (на пример стрес, алкохол, пушење, одреден вид на храна).

Кога да посетите лекар

Тензионата главоболка ретко укажува на посериозна состојба.

Потребно е да посетите лекар доколку:

  • Имате некоја друга состојба освен главоболка;
  • Главоболката продолжува и покрај тоа што сте зеле лек против болка;
  • Главоболката ве спречува да ги извршувате секојдневните активности и поради тоа често отсуствувате од работа.

Ви ги нудиме најдобрите совети и препораки за проблемите од областите на неврологијата и интерната медицина

Тука сме за вас - контактирајте не

Закажете преглед кај Д-р Данијела

Слободно проверете кој термин најмногу ви одговара

Изберете услуга*
Изберете доктор*

Закажете преглед