Вртоглавицата претставува честа причина поради која пациентите се јавуваат на преглед. Вообичаено од пациентите се опишува со зборовите “ми се врти сè околу мене”. Вртоглавицата во основа се карактеризира како непријатно чувство на занесување, пропаѓање и нестабилност кое може да биде проследено и со мачнина, повраќање, нејасна слика пред очите и зуење во ушите.
Вртоглавицата упатува на нарушување во системот за рамнотежа, кое настанало поради оштетување на делот од системот сместен во мозокот или надвор од него, сместен во увото.
Конкретните причини може да варираат од безопасни до некои посериозни заболувања. Како пример може да се издвојат: заболувања на внатрешните структури на увото, лоша циркулација во мозокот, транзиторна исхемична атака(ТИА), мозочен удар, мулплекс склероза, тумори и слично.
Покрај вртоглавицата во клиничката пракса често се сретнуваме и со една друга појава наречена несвестица.
Несвестицата претставува чувство на нестабилност проследено со појава на темнење пред очите, болскаво светкање или замаглување.
Причините за настанување може да бидат различни како на пример: промени во вредностите на крвниот притисок, неправилности во срцевиот ритам, пад на вредностите на шеќерот во крвта, слабокрвност, недостаток на витамин Б12 и слично.
Во расветлување на дијагнозата од голема помош се дел од следните тестови:
Кај сите лица со појава на вртоглавица или несвестица, особено ако истата се повторува, се советува да побараат лекарска помош.
Во поставување на правилната дијагноза од најголема важност е искуството и способноста на лекарот правилно да ги интерпретира поплаките на пациентот.
Терапијата е со персонализиран пристап во зависност од наодот и потребите кај пациентот.
| Cookie | Duration | Description |
|---|---|---|
| cookielawinfo-checkbox-analytics | 11 месеци | |
| cookielawinfo-checkbox-functional | 11 месеци | |
| cookielawinfo-checkbox-necessary | 11 месеци | |
| cookielawinfo-checkbox-others | 11 месеци | |
| cookielawinfo-checkbox-performance | 11 месеци | |
| viewed_cookie_policy | 11 месеци |