Доплер на вратни крвни садови
Времетраење:
Доплер на вратните (екстракранијалните) крвни садови, е понова, напредна невролошко-радиолошка техника на иследување на внатрешноста на крвните садови со современ ултразвучен ЕХО апарат и служи за проценка на состојбата на мозочната циркулација.
Нарушената циркулација низ вратните артерии, (каротидните и вертебралните артерии) кои носат крв до мозокот, честопати е причина за мозочен удар. Нарушувањето на циркулацијата најчесто настанува заради формирање на наслаги, задебелување на ѕидовите, замастување и на крај затнување на дадените артерии (атероматоза). Постојат и низа вродени аномалии и повреди на крвните садови. Навременото откривање на наброените заболувања на вратните крвните садови, ни дава драгоцена можност за нивно навремено лекување и превенција на мозочен удар.
Прегледот е безболен, може да се повторува неограничено, трае просечно до 20 мин. Се изведува во легната положба, со ехо сонда. Некоја посебна припрема пред снимањето не е потребна. Прегледот го изведува обучен невролог, резултатот се издава веднаш. Со оваа процедура може да се испита нарушување на циркулацијата на нозете и рацете заради заболувања на крвните садови.

Ви ги нудиме најдобрите совети и препораки за проблемите од областа на неврологијата
Тука сме за вас - контактирајте не
- 044333760
- 071375356
- neurodrdanijela@gmail.com
- Пон - Пет: 09 - 20
- Саб: 09 - 15
- Нед: затворено
Закажете преглед кај Д-р Данијела
Слободно проверете кој термин најмногу ви одговара