Дијагностички и терапевтски интервенции од областа на психологијата во ПЗУ „Д-р Данијела“
Дијагностички процедури
Психолошка проценка
интервју, анамнеза, хетероанамнеза и психометриски тестови за диференцијална дијагноза и психолошки наод, применливо кај различни психијатриски болести.
Невропсихолошка проценка
индивидуално тестирање на когнитивни функции (внимание, меморија, учење, јазик, извршни функции) и промени во однесувањето; неопходно кај невродегенеративни заболувања, особено деменции.
Скрининг на ментален статус
ориентациски тестови за процена на деменција и психолошки нарушувања поврзани со системски заболувања.
Терапевтски пристапи
Психолошко советување
поддршка за личен развој и справување со емоционални предизвици.
Индивидуална психотерапија
процес за самопознавање, управување со негативни емоции и развој на здрави стратегии.
EMDR терапија
специјализиран метод за третман на траума, анксиозност, депресија, ПТСН и ОКН.
Психолог
Едона Муртезани
лиценциран психолог и магистер по психолошко советување
- Повеќегодишно искуство во клиничка психологија
- Едукација во клиничка невропсихологија и дијагностика.
- Специјализација во EMDR терапија.
- Обука за кличка психодијагностика кај деца и адолесценти
- CBT програма - обука за анксиозност
Психолошки услуги
- Приватност и доверливост
- Сеопфатна психолошка грижа
- Поддршка во средина без осудување