Пон-Пет: 09 - 18ч.
Саб: 09 - 15ч.
info@drdanijela.mk
044333760
071357356

[gtranslate]

Дијагностички и терапевтски интервенции од областа на психологијата во ПЗУ „Д-р Данијела“

Дијагностички процедури

ПСИХОЛОШКА ЕВАЛУАЦИЈА

Процесот на психолошка евалуација обично се спроведува со упат од психијатар, невролог или друг специјалист, со цел да се процени психолошкото функционирање на поединецот. Оваа евалуација обезбедува детални податоци за менталната состојба, вклучувајќи анксиозни и депресивни нарушувања, нарушувања на личноста, психопатологија (на пр. психоза или психолошки трауми), како и карактеристиките на личноста, емоционалната состојба.
Психолошката евалуација се спроведува преку употреба на стандартизирани техники и инструменти. По собирањето на податоците, психологот ги анализира и ги интерпретира добиените резултати по што се пишува психолошкиот наод. Психолошкиот наод се користи за клинички, образовни или професионални цели и служи како основа за понатамошни препораки за интервенција или поддршка.

НЕВРОПСИХОЛОШКА ЕВАЛУАЦИЈА

Дијагностички процес кој обично се спроведува со упат од невролог, психијатар или други здравствени професионалци, со цел да се испита когнитивното функционирање и да се идентификуваат можните последици од повреди или невролошки нарушувања. Овој процес се фокусира на проценка на главните когнитивни домени, вклучувајќи внимание, помнење, јазик, извршни функции, визо-просторни способности и афективен статус.
Евалуацијата се спроведува преку батерии стандартизирани невропсихолошки тестови, кои овозможуваат објективна анализа на когнитивниот статус на поединецот. По обработката и интерпретацијата на резултатите, психологот го подготвува невропсихолошкиот наод, кои служи како основа за дијагностичко донесување одлуки и планирање на понатамошни интервенции.

СКРИНИНГ ПРОЦЕНА НА МЕНТАЛЕН СТАТУС

Кратка и структурирана клиничка евалуација која се користи за да се добие општа слика за тековното ментално функционирање на поединецот. Служи за рано идентификување на когнитивни нарушувања. Помага во откривање на предупредувачки знаци на ментални или неурокогнитивни нарушувања и насочува кон потребата за подлабоки евалуации.

ПРОЦЕНА НА АДХД И КОГНИТИВНЕН ТРЕНИНГ

Дијагностичкиот процес кај АДХД е сеопфатна и клиничка проценка која помага во идентификување на присуството на симптомите на невнимание, хиперактивност, импулсивност и афективен статус. Проценката вклучува клиничко интервју, батерија на когнитивни тестови за објективна евалуација. Врз основа на добиените резултати се изработува индивидуализиран план за когнитивен тренинг.

ПСИХОТЕРАПИЈА

Индивидуалната психотерапија е долготраен процес преку кој клиентите работат во безбедна, внимателна и доверлива средина за да ги истражат своите чувства, верувања или однесувања, да ги идентификуваат аспектите од својот живот кои сакаат да ги променат, подобро да се разберат себеси и другите, да постават лични цели и да работат кон посакуваната промена.

Психотерапевтските услуги се нудат во следните области:

ПСИХОЛОШКО СОВЕТУВАЊЕ

Целта е да се помогне на поединците, да ги надминат предизвиците со менталното здравје и да ја подобрат квалитетот на животот. Во советувачките сесии се фокусираме на начинот на кој поединецот функционира во професионалниот и личниот живот, помагајќи и во разбирањето и решавањето на актуелни проблеми. За разлика од психотерапијата, советувањето е пократкорочен процес и претставува форма на насочувачка поддршка за клиентите во тековни тешки животни ситуации.

Структура на услугите:

ВОЗРАСНИ ГРУПИ

Услугите се достапни за лица од 3 до над 80 години.

Сите психолошки услуги кои се нудат во нашата клиника се спроведуваат во определен и структуриран временски период.

Психолог

Едона Муртезани

лиценциран психолог и магистер по психолошко советување

НАШИТЕ ПРИОРИТЕТИ

Закажете преглед