Атеросклероза
Атеросклерозата претставува хронична, воспалителна болест на крвните садови при која доаѓа до формирање на масни наслаги под внатрешниот слој од крвниот сад. Атеросклерозата претставува генерализирана болест односно ако е потврдена на еден крвен сад тоа значи дека ја има низ целото тело. По својот механизам на настанување атеросклерозата се формира преку комплексен механизам на воспаление кое се јавува на местата на оштетување на крвните садови и резултира со акумулација на масти.
Ризик факторите за атеросклероза се различни: напредната возраст, машки пол, генетска предиспозиција, покачен крвен притисок, шеќерна болест, нарушување на метаболизам на маснотии, дебелина, физичката неактивност, пушење…
Непрепознаена и нелекувана атеросклероза доведува до: срцев удар, мозочен удар, настапи на нарушен проток на крвта во мозок и губиток на свеста, болки во нозете при пешачење , …




Совети за превенција на атеросклерозата:
- Редовна физичка активност
- Хигиена на сон
- Балансирана исхрана
- Редукција и одржување на нормална телесна тежина
- Регулација на високиот крвен притисок
- Регулирање на нивоата на шеќер во крв
- Регулација на мастите во крвта
- Престанок на пушење
- Редовни контроли кај семеен лекар, а по процена и кај специјалист
Превентивните прегледи се од исклучителна важност кај ова заболување.
ПЗУ Д-р. Данијела Ви нуди можност за проценка на здравјето на Вашите крвни садови со:
- доплер на крвните садови на вратот,
- доплер на крвните садови на рацете и нозете,
- тест на корнарна резерва (Стрес тест) за проценка на крвните садови на срцето.
Превентивните прегледи се од исклучителна важност кај ова заболување.
Ви ги нудиме најдобрите совети и препораки за проблемите од областа на неврологијата и интерната медицина
Контактирајте нѐ и закажете кратка консултација
Побарајте не уште денес:
- Фуштанска 3, Тетово, 1200
- info@drdanijela.mk
- 044333760
- 071357356
Закажете преглед кај Д-р Данијела
Слободно проверете кој термин најмногу ви одговара