Епилепсија
Епилепсијата претставува болест која се карактеризира со функционално растројство во електричната активност на кората на Големиот мозок и има повторувачки карактер. Се карактеризира со повторувачки напади кои се јавуваат без најава, секогаш со исти симптоми, различни и посебни кај секој пациент. Честотата на нападите е исто така различна и истите влијаат на квалитетот на животот на пациентот и се причина за низа пропратни заболувања кај овие пациенти (анксиозност, депресија, повреди, итн..).

Како да постапите ако се најдете до лице со епилептичен напад:
- Останете смирени
- Поставете го пациентот во спасувачка позиција , на страна, во која не може јазикот да направи попречување на дишните патишта
- Поставете му мека подлога под главата
- Отстранети ги сите предмети кои би можеле да го повредат
- Одбележете го течното време кога нападот започнал
- Доколку нападот трае подолго од 5 минути или ако пациентот не се освестува по завршување на нападот повикајте Итна медицинска помош
За време на епилептичниот напад се забранува:
- Поставување на било какви предмети во уста
- Давање на пијалоци или храна
- Обиди за смирување на нападот со примена на физичка сила
Ви ги нудиме најдобрите совети и препораки за проблемите од областа на неврологијата и интерната медицина
Контактирајте нѐ и закажете кратка консултација
Побарајте не уште денес:
- Fushtanska 3, Tetovë, 1200
- info@drdanijela.mk
- 044333760
- 071357356