Пон-Пет: 09 - 18ч.
Саб: 09 - 15ч.
info@drdanijela.mk
044333760
071357356

[gtranslate]

ЕЕГ – НАТИВНО (возрасни)

Времетраење: РУТИНСКО ЕЕГ 30 мин.
НАТИВНО ЕЕГ (ДЕЦА < 16 г.)
4500 ден.
НАТИВНО ЕЕГ (ВОЗРАСНИ)
3500 ден.
Специјална неинвазивна функционалана метода за снимање и регистрација на мозочната активност предизвикана од самите нервни клетки во кората на Големиот мозок

НАТИВНО, РУТИНСКО ЕЕГ

Eлектроенцефалографијата е специјална неинвазивна функционалана метода за снимање и регистрација на мозочната активност предизвикана од самите нервни клетки во кората на Големиот мозок.

Можи да се повторува неограничено, бидејќи нема никакво штетно зрачење, безболна е, кратко трае- 30 минути.

Се изведува во посебен изолиран кабинет, во лежечка состојба. Снимањето го прави сестра, под надзор на невролог, кој го издава резултатот, веднаш по снимањето. Пациентот треба да биде со чиста коса и психички подготвен дека треба да следи упатствата од персоналот, да биде спокоен и релаксиран за време на снимањето.

Користиме специјална силиконска капа на главата на пациентот на која се прицврстуваат специјални електроди, користејќи гел и танки кабли. Се изведува со затворени очи кои повремено се отвораат-затвораат. Се стимулира со трепкање на светлина и подлабоко дишење.

Дава корисни податоци за пациентите кои имаат: нејасни настапи на поматувањето или губење на свест, епилепсија, главоболка-мигрена, вртоглавица, квалитативно нарушена свест со конфузни состојби, заборавност …

Дознај повеќе

Тука сме за вас - контактирајте не

Ви ги нудиме најдобрите совети и препораки за проблемите од областа на неврологијата

Закажете преглед