Пон-Пет: 09 - 18ч.
Саб: 09 - 15ч.
info@drdanijela.mk
044333760
071357356

[gtranslate]

TCCD Bubble тест (тест на меурчиња)

Времетраење:
TCD - BUBLE тест
3500 ден.
Посебна процедура за анализа на циркулацијата во големите крвни садови во мозокот се издвојува т.н. TCCD тест.

Оваа процедура служи за анализа на протокот на крв од срцето кон мозокот и за исклучување на можноста за микроемболизација.

Тестот се изведува со инјектирање на контрастен раствор (физиолошки раствор со меурчиња воздух) во венските крвни садови на левата рака. Потоа, со помош на сонда поставена на десната средна мозочна артерија се следат звучните бранови.

Регистрирањето на специфични звучни сигнали покажува дека меурчињата достигнале до артериските крвни садови на мозокот, што упатува на постоење на дефект на преградата помеѓу срцевите преткомори.

Клиничко значење

Овој дефект може да биде причина за:

  • мозочен удар
  • минливи исхемични епизоди (TIA)
  • чести главоболки поради намалено снабдување на мозокот со кислород

Дознај повеќе

Тука сме за вас - контактирајте не

Ви ги нудиме најдобрите совети и препораки за проблемите од областа на неврологијата

Закажете преглед